x

Honor View 20 има камера од 48 мегапиксели: Ова се фотографиите направени со неа!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Јануари, 2019 од GSM.mk

Во последно време, се почесто гледаме смартфони со голем број камери, како и големи резолуции со кои доаѓаат. Еден ваков уред е и Honor View 20...

Nokia 808 PureView e еден од ретките уреди на пазарот кој доаѓа со камера од 41 мегапиксели, но за разлика од останатите вакви уреди на пазарот, кој имаат мали сензори, уредот на Nokia има голем (за мобилни стандради) сензор, благодарение на кој 808 PureView доаѓа со целосно поголеми димензии.

Иако големиот број на пиксели беше употребен за промовирање на смартфонот, Nokia всушност го искорсти големиот сензор за да ја редуцира резолуцијата на финалната слика за помала, поквалитетна фотографија. Се разбира, со 41 мегапикселниот сензор, може да фотографирате и во целосна резолуција, со што ќе добиете уште поимпресивни фотки.

Од друга страна, како што стануваат смартфоните се потенки и потенки, големи сензори на камерите стануваа проблем и неможеа да се користат за истиот ефект и голем дел од компаниите се решија за помали резолуции и користење на пост-обработка за добивање на квалитетни резултати. 

Последниве неколку дена беа најавени неколку уреди со 48 мегапикселни сензори, меѓу кои Xiaomi Redmi Note 7 и Honor View 20, кои доаѓаат со помали сензори.

 Да погледнеме како изгледаат фотографиите направени со камерите на Honor View 20:

Како ви изгледаат?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.