x

HTC на 28 јуни ќе го претстави смартфонот Viverse со VR и AR технологија

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 15 Јуни, 2022 од GSM.mk

HTC нема претставено паметен телефон долго време, а уште подолго не сме виделе ниту еден flagship. Но, тоа наскоро ќе се промени.

HTC се подготвува за настанот што има намера да го одржи на 28 јуни, а на кој ќе претстави нов смартфон. Се шпекулира дека станува збор за уред фокусиран на VR и AR технологијата со длабока интеграција на сопствената метаверзна платформа со отворен код на HTC наречена Viverse. Телефонот требаше да биде претставен во април, но тоа не се случи поради проблеми во синџирот на снабдување.

Засега малку се знае за претстојниот уред. Познато е само дека ќе ги поддржува Vive Flow VR слушалките и дека би можел да ја поддржува апликацијата AR.

HTC наводно се здружил со Taiwan Mobile, Chunghwa Telecom и FarEasTone за да го продаде својот нов паметен телефон во нивното портфолио на производи.



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.