x

Huawei ги претстави новите уреди и го најави HarmonyOS

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 05 Јуни, 2021 од GSM.mk

Компанијата Huawei го најави пристигнувањето на оперативниот систем HarmonyOS, а главна тема на настанот беше претставувањето на новите таблети, смартфонот P50 и паметните часовници.

HarmonyOS ќе биде достапен на 100 различни модели кои се користат ширум светото. Меѓу тие уреди се и таблет и компјутери како што се MatePad Pro.

Направин ќе биде достапен на Mate 40, P40 и Mate 30, a останатите модели како што се Mate 9, Mate 10, P20 и P10 ќе го добијат во првата половина на следната година.

Huawei го претстави таблетот MatePad Pro со 12,6 инчи, помалиот 10,8 инчи и новиот MatePad 11. Сите таблети го користат новиот HarmonyOS.

12,6-инчниот MatePad Pro користи Huawei Kirin 9000E процесор. Веб-камерата е сместена во работ на OLED екранот со резолуција 1.600х2.560 пиксели, таблетот е со батерија од 10,050 mAh која поддржува 40W полнење и 27W безжично полнење. Има 3 задни камери и 4 микрофона.

Сè уште не се објавени цените и кога ќе бидат претставени во Европа.

Watch 3 е првиот паметен часовник кој користи HarmonyOS. Уредот има 1,43-инчен OLED екран со фреквенција на освежување од 60Hz и светлина од 1.000 н. Во продажба ќе се најде и напредниот Watch 3 Pro.

На настанот е најавено и пристигнувањето на Huawei P50.

Поминаа тешки неколку години за Huawei. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја стави компанијата на трговската црна листа во САД - забранувајќи сите американски компании да прават деловни активности со фирмата поради загриженост за нејзините врски со кинеската влада. Забраната значеше дека Google, американска компанија со седиште во Калифорнија, веќе не е во можност да доставува Android ажурирања или функции на кој било уред со ознака Huawei.

Врз основа на она што го видовме од неодамнешните бета верзии на HarmonyOS, тој споделува многу основен код со верзијата со отворен извор на Android 10. Значи, оние што се навикнати на Android не треба да бидат премногу загрижени.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.