x

Huawei: HangMengOS e побрз од iOS и Android!

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 09 Јули, 2019 од GSM.mk

По инцидентите кои се случија, Huawei ќе биде потребно да го користи сопствениот оперативен систем, наместо Android...

HongMengOS е оперативниот систем произведен од Huawei, кој треба да служи како замена за Android. И покрај тоа што претседателот Трамп дозволи повторна соработка меѓу Huawei и американските компании, сеуште не се знае дали Google ќе го продолжи партнерството со компанијата. 

Токму затоа, извршниот директор на Huawei, Ren Zhengfei, изјави дека во иднина компанијата планира да ја скрати својата зависност од Android и општо од американските компании. Истовремено, Zhengfei нагласи дека HongMengOS не е само замена за Android и дека може да служи за IoT и многу други функции. Според тестирањата, HongMengOS е 60% побрз од Android, а истовремено има и побрзи перфроманси од iOS. 

Во иднина, Huawei ќе работи на нова апликација која ќе служи како замена за Google Play Store. Извршниот директор призна дека ова е една област која е потешка за компанијата и најверојатно ќе биде потребна помош. 

Доколку Google не го продолжи партнерството со Huawei, HongMengOS најверојатно ќе биде достапен со претставувањето на Huawei Mate 30 линијата. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.