x

Huawei: Honor ќе биде четвртата најголема смартфон компанија во светот!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 06 Април, 2019 од GSM.mk

Huawei и Honor брендовите имаат се подобри и помоќни перформанси последниве неколку години, а компаниите имаат и амбициозни планови за во иднина:

Најпрво, Huawei повторно ја потврди својата цел да биде првата и најголема смартфон компанија во светот. Оваа цел беше спомната веќе неколку пати, а во моментов Huawei се наоѓа на второ место, веднаш зад Samsung. До крајот на 2019 година, брендот се надева дека конечно ќе го превземе првото место.

Од друга страна, целта за Honor е малку "поскромна". Huawei планира овој бренд да се најде на четврото место како производител на смартфони на глобално ниво. Ова значи дека, доколку се оди по план, Honor ќе се најде пред Xiaomi и веднаш зад Samsung и Apple во однос на обемот на продажба.

Друга амбициозна цел која ја има Huawei за својот под-бренд Honor е да го украде второто место како најголем смартфон производител во Кина. Времето до кога е испланирано исполнувањето на оваа цел не беше споделено, но би требало да биде истовремено со превземањето на четвртата позиција на глобално ниво.

Кое е вашето мислење? Дали Huawei има преголеми и преамбициозни планови?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.