x

Huawei ќе претстави две нови верзии од Watch GT уредите!

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 21 Март, 2019 од GSM.mk

Минатата година, заедно со Mate 20 серијата, Huawei ги претстави и новите Watch GT часовници. Една година подоцна со најавувањето на P30 и P30 Pro, ќе бидат најавени и обновените верзии од часовниците..

Познати како Huawei Watch GT Active и Huawei Watch GT Elegan, новите модели изгледаат речиси исто со нивните претходници, со истиот 1.39 инчен OLED панел. Од друга страна, има мала промена во бојата на нивната рамка. Истотака, компанијата го има променето составот на нивните батерии од литиум-јон во литиум-полимер. Овие батерии би требало да се помоќни од оние на нивните претходници.

Компанијата реши да го искористи сопствениот оперативен систем на Watch GT со Wear OS, а ист е случајот и со освежените модели. Двата уреди ќе поддржуваат и iOS и Android и ќе ги надлгедуваат активностите, здравјето и отчукувањето на срцето на своите корисници.

GT Active ќе биде достапен во темно зелена и портокалова боја, додека GT Elegant ќе биде достапен во поелегантна, црна и бела верзија. Цената на првиот модел ќе биде 250 евра, а на вториот ќе биде 230 евра.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.