x

Huawei ќе претстави специјални Mate 20 Pro и Nova 4 верзии во чест на големата продажба!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 26 Декември, 2018 од GSM.mk

Откако најави дека ја постигна својата цел од 200 милиони продадени смартфони во 2018 година, Huawei реши да го прослави ваквиот успех на интересен начин..

И покрај тоа што смартфоните на Huawei не се најдобро прифатени на американскиот пазар, сепак компанијата успеа да постигне неверојатна продажба од 200 милиони единици на глобално ниво. Особено, P20 и  Mate 20 сериите беа добро прифатени од страна на корисниците. Имено, само од P20 серијата биле продадени над 16 милиони единици, најголем дел на женската популација. По претставувањето во октомври, компанијата веќе успеала да постигне продажба од 5 милиони единици од Mate 20 линијата. Компанијата очекува финална продажба од 20 милиони кај Mate 20 серијата.

Во чест на ваквиот успех, Huawei најави претставување на нови и специјални верзии од Mate 20 Pro и Nova 4. Претседателот на компанијата најави на својот Weibo профил дека специјалните верзии ќе доаѓаат со 8GB RAM и 256GB меморија. Дополнително на тоа, Huawei Nova 4 ќе биде достапен во нова, црвена нијанса, наречена Secret Red. 

Двата модели ќе имаат специјално лого на задната страна кое ќе ја одбележи продажбата од 200 милиони единици. Цената на уредите сеуште не е најавена, но нивната продажба во Кина ќе започне од 1 јануари. 

Huawei commemorates the 200 million phones it shipped this year with special editions of the Mate 20 Pro and Nova 4

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.