x

Huawei Mate 20 и 20 Pro: Сите нови и уникатни функции

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 19 Октомври, 2018 од GSM.mk

Кога подетално ќе се запознаете со спецификациите, ќе забележите дека дефинитивно Huawei посвети особено внимание на перформансите и дизајнот на новите Mate 20 и Mate 20 Pro. Меѓу другото, уредите нудат неколку интересни и досега невидени функции:

1. Прва 7nm технологија кај Android телефон (Kirin 980)

Веќе неколку пати зборувавме за ова, но една од најинтересните работи кај новата Mate 20 серија е што уредите доаѓаат со првиот 7nm процесор кај Android телефоните. Досега, само Apple со A12 Bionic имаше претставено ваква технологија кај iPhone Xs серијата. 

AnTuTu

*ПОВЕЌЕ е ПОДОБРО

Huawei Mate 20 Pro - 265556

Apple iPhone XS Max - 336882

Apple iPhone X - 224538

Samsung Galaxy Note 9 - 244787

Google Pixel 3 XL - 236105

LG V40 ThinQ - 246715

Sony Xperia XZ3 259541

OnePlus 6 260353.5

2. Прва батерија над 4000mAh кај модерен смартфон (Pro)

По претставувањето на Note 9 со батерија од 4000mAh, Huawei реши да го претстави новиот Mate 20 Pro со поголема батерија, од 4200mAh. За жал, со QHD+ дисплејот, големиот капацитет на батеријата дефинитивно брзо ќе се троши.

All the new and industry-first features of the Mate 20 and 20 Pro


3. 3D Face Scanner и скенер за отпечатоци под дисплејот

Иако веќе се имаме запознаено со неколку уреди кои нудат 3D скенери, како и скенер вметнат под дисплејот, Mate 20 Pro е еден од првите уреди кои ги нуди двете функции заедно. 


All the new and industry-first features of the Mate 20 and 20 Pro


4. Еден од највисоките тело-дисплеј соодноси

Благодарение на новиот и модерен дизајн на дисплејот, Mate 20 доаѓа со голем панел, 24 мегапикселна селфи камера и тело-дисплеј сооднос од 88%.


5. Нова, 20 мегапикселна Ultra Wide Angle (широкоаголна) леќа

Со P20 Pro серијата, Huawei ги претстави своите први уреди со три камери на задната страна. Оваа година, наместо да го зголеми бројот на сензори, како што направи Samsung, компанијата реши да ги подобри функциите со кои доаѓаат камерите. Наместо црно-бел сензор, овој пат станува збор за 20 мегапикселна ултра широкоаголна леќа, придружена од 40 мегапикселна главна камера и трета камера од 8 мегапиксели. 

слики направени со Mate 20 Pro 


6. 40W, наместо 10-22W брзо полнење

Се разбира, најслаткото го оставивме последно. Новите Mate 20 Pro уреди не само што доаѓаат со брзо полнење, туку нудат брзо полнење од 40W, а не од 10-22W како досега. 

Време потребно за полнење

*ПОМАЛКУ е ПОДОБРО

Huawei Mate 20 Pro 68 min

Google Pixel 3 XL - 123 min 

Samsung Galaxy Note 9 - 109 min 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.