x

Huawei Mate 20 Pro: 5 работи кои ни се допаѓаат и 5 кои не ни се допаѓаат

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 05 Јануари, 2019 од GSM.mk

Huawei Mate 20 Pro е еден од најпопуларните уреди кои се појавија во 2018 година. Како и секој моќен смартфон, постојат карактеристики кои се одлични, но и неколку кои не им се допаѓаат на корисниците..

Да започнеме со сите одлични карактеристики со кои Mate 20 Pro доминира покрај својата конкуренција:

1. Компактен и може да се користи со една рака

5 things to love and 5 things to hate about the Huawei Mate 20 Pro

Mate 20 Pro е брз уред со одлични спецификации, но нуди и една друга карактеристика која особоено им се допаѓа на корисниците - и покрај големиот екран, неговите целосни димензии се компактни и го прават лесен за контролирање со една рака.

2. Брзина

5 things to love and 5 things to hate about the Huawei Mate 20 Pro

Како што рековме погоре, една од неговите најмоќни спецификации е неговата брзина. Mate 20 Pro доаѓа со Kirin 980 во внатрешноста, кој го прави едне од најбрзите телефони во денешно време. Според бенчмаркинг тестовите, овој процесор е побрз и од Snapdragon 845. 

3. Брзо полнење кое работи одлично

5 things to love and 5 things to hate about the Huawei Mate 20 Pro

Иако голем дел од популарните смартфони доаѓаат со брзо полнење, Mate 20 Pro нуди ваква технологија која работи навистина одлично. За само 30 минути, уредот нуди батерија која може да издржи цел ден.

4. Прекрасен дисплеј

5 things to love and 5 things to hate about the Huawei Mate 20 Pro

Mate 20 Pro нуди прекрасен и голем, 6.4 инчен AMOLED дисплеј, со резолуција од 1440 x 3120 пиксели и 19.5:9 сооднос.

5. Доаѓа со силиконска маска во кутијата

5 things to love and 5 things to hate about the Huawei Mate 20 Pro

Иако изгледа како неважна работа, при купувањето на поскап телефон, квалитетна силиконска маска е навистина неопходна. Како што знаеме сите, ваквите маски можат да бидат навистина скапи, поради што голем дел од нас не сакаат да инвестираат во нив. За среќа, Mate 20 Pro нуди ваква маска при самото купување.

Сега, да преминеме на не толку посакуваните карактеристики:

1. Голем број непотребни апликации

5 things to love and 5 things to hate about the Huawei Mate 20 Pro

Mate 20 Pro доаѓа со голем број апликации кои не може да се избришат и зафаќаат непотребно место.

2. Нема посебно мени за нотификации

5 things to love and 5 things to hate about the Huawei Mate 20 Pro

Кај повеќето уреди, при лизгање на екранот надолу се појавува кратко мени со нотификации. Кај Mate 20 Pro за жал немаме ваков брз пристап.

3. Rise to Wake не работи доволно добро

5 things to love and 5 things to hate about the Huawei Mate 20 Pro

Mate 20 Pro доаѓа со скенер за отпечатоци под дисплејот, но истовремено нуди и 3D Face ID технологија. Со ваквите функции, екранот на уредот би требало да се вклучи при самиот допир. За жал, Huawei треба да поработи на ваквата технологија.
4. Нема посебен отвор за слушалки

5 things to love and 5 things to hate about the Huawei Mate 20 Pro

Иако голем дел од популарните смартфони доаѓаат без оваа опција, дел од нас сеуште не можат да се навикнат на неа.
5. Висока цена

5 things to love and 5 things to hate about the Huawei Mate 20 Pro

Благодарение на одличните спецификации кои ги нуди, во однос на другите уреди на компанијата, Mate 20 Pro има прилично висока цена. Се разбира, во денешно време не можеме да се жалиме многу токму од неговата цена, кога има смартфони со речиси исти спецификации, а со цени над 1,000 евра. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.