x

Huawei Mate 20 Pro: Цена и достапност

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 14 Октомври, 2018 од GSM.mk

Без сомнеж, Huawei Mate 20 Pro ќе биде еден од најмоќните телефони кои ќе бидат претставени оваа година. Но, со моќните спецификации доаѓаат и високи цени..

Деновиве дознавме дека ќе биде достапна Mate 20 Pro верзија со 6GB RAM и 128GB меморија, чија цена ќе биде 1,180 долари во Англија, драстично зголемување спрема минатогодишниот Mate 10 Pro и овогодинешниот P20 Pro кои чинеа околу 1000 долари. 

Од друга страна, истата верзија од Huawei Mate 20 Pro ќе биде продавана и на други европски пазари, по цена од 1150 долари. Во однос на неговата достапност, претпродажбата на смартфонот ќе започне веднаш по неговото претставување. За жал, корисниците ќе ги добијат нарачаните уреди дури на 5 ноември. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.