x

Huawei Mate 20 X: 7.2 инчен дисплеј, батерија од 5000mAh и Stylus пенкало!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 17 Октомври, 2018 од GSM.mk

Покрај очекуваните Mate 20 и Mate 20 Pro, на настанот во Лондон Huawei претстави и уште еден уред, кој очигледно ќе биде директна конкуренција на Note 9. Станува збор за Mate 20 X - смартфон кој доаѓа со Stylus пенкало..

Huawei Mate 20 X доаѓа со огромен, 7.2 инчен дисплеј и батерија од 5000mAh која звучи значително помоќно од онаа од 4200mAh на Mate 20 Pro и 4000mAh на Note 9. Интересно е што големиот дисплеј има резолуција од 2244 x 1080 пиксели, наместо супериорните 3120 x 1440 пиксели кои ги има Mate 20 Pro. 


Нормално, како и Mate 20 и Mate 20 Pro, во внатрешноста на уредот се наоѓа Kirin 980, а на задната страна има три камери, чии збир на мегапиксели е 68. Процесорот е придружен од 6GB RAM и 128GB меморија. 

Како што веќе спомнавме, заедно со големиот дисплеј доаѓа и Stylus пенкало, слично како кај Note 9. Главната "задача" на Mate 20 X, заедно со големиот дисплеј, големата батерија и моќните спецификации е да ги привлече гејмерите. Ќе биде достапен во сина и сива боја. 


Неговата продажба ќе започне на 26 октомври, со почетна цена од 899 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.