x

Huawei Mate X пристигнува во октомври

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 14 Септември, 2019 од GSM.mk

Долгоочеуваниот уред на преклопување на Huawei конечно ќе го запознаеме во октомври!

Произведувањето на уред на преклопување не е лесно. Токму затоа, и Samsung и Huawei неколку пати го одложија нивното претставување со цел да ги усовршат. 

На IFA 2019 настанот, Huawei најави дека Huawei Mate X ќе биде претставен во октомври. Истотака, заедно со него ќе биде најавена подобрена верзија од Mate X која ќе биде достапна набрзо потоа. 

Подобрената верзија на Mate X ќе доаѓа со нов процесор, најверојатно Kirin 990 и со 5G поддршка. 

Во меѓувреме, Huawei ја подготвува и Mate 30 серијата која ќе биде претставена наскоро. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.