x

Huawei Mate X пристигнува во септември!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 25 Јуни, 2019 од GSM.mk

И покрај големиот број инциденти со Америка, Huawei сепак не планира да го одложи претставувањето на својот долгоочекуван уред на преклопување..

Samsung Galaxy Fold беше одложен само неколку дена пред претставувањето закажано за 26 април, а новиот датум сеуште не е познат. Токму тоа е совршена прилика за Huawei да биде во центар на внимание и да го претстави својот уред на преклопување пред Samsung. 

Иако компанијата е во големи проблеми со Америка и доживува голема загуба, Mate X е веќе подготвен за претставување. Според извршниот директор на компанијата, овој смартфон ќе пристигне во септември. Сега за сега, сеуште не е познато на кој оперативен систем ќе работи, бидејќи компанијата го прекина своето партнерство со Android.

Од останати спецификации, Huawei Mate X ќе доаѓа со 6.6 инчен панел и резолуција од 1148 x 2480 пиксели кога е затворен. Задниот екран е од 6.4 инчи со резолуција од 892 x 2480 пиксели. Кога ќе биде отворен, двата панели креираат нов дисплеј од 8 инчи со резолуција од 2200 x 2480 пиксели. Во внатрешноста ќе се наоѓа Kirin 980, со најмалку 8GB RAM и 512GB меморија. Системот камери ќе биде од 4 сензори. Главната камера ќе биде од 40 мегапиксели, придружена од втор 8 мегапикселен сензор, 16 мегапикселна широкоаголна камера и ToF сензор. Батеријата ќе биде од 4500 mAh. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.