x

HUAWEI Mate X прогласен за најдобар нов мобилен телефон на Светкиот конгрес со Барселона

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 07 Март, 2019 од GSM.mk

Huawei Mate X паметниот 5G телефон ја освои наградата на GSMA „Најдобро поврзан мобилен уред на Светскиот мобилен конгрес во Барселона 2019 година“..

Ваквиот успех, Huawei Mate X го постигна благодарение на својата Falcon Wing Mechanical Hinge, водечката комуникациска способност од 5G, иновативната интеракција на човекот со  паметниот телефон и неговиот Супер полначот. 

Оваа специјална и најпосакувана награда ја дава организаторот GSMA за новолансирани или уреди кои ќе бидат лансирани во блиска иднина, што претставува највисоко признание во пионерските идни технологии. Претходно оваа недела на Светскиот мобилен конгрес во Барселона, Huawei освои бројни GLOMOнагради (GlobalMobileAwards), вклучувајќи ја и наградата „Најдобар паметен телефон на годината“ за HUAWEIMate 20 Pro, кој е водечки во својата класа.

„Во име на целиот наш тим во Huawei, јас би сакал да се заблагодарам на GSMAза оваа награда. Оваа година, 5G е на сите уреди, мрежи и чипсети кои се поврзуваат, 2019 е година во која го трансформираме начинот на кој се поврзуваме, носејќи нови и неверојатни можности во нашите животи“, рече Кевин Хо, претседател на телефонскиот бизнис воHuaweiConsumerBusinessGroup.

HUAWEI Mate X, најбрзиот 5G телефон на преклоп во светот е опремен со флексибилен OLED панел, Falcon Wing Mechanical Hinge, 7nm чипсет Balong 5000 и висока моќност  на батерија од 4500mAh која e поддржана од најбрзиот светски HUAWEI SuperCharge од 55W. Оваа високо-технолошка технологија ја револуционизираше традиционалната форма на мобилни телефони, донесе неверојатно искуство за интеракција и водечко иновативно истражување на индустријата за паметни телефони.Со самото лансирање,HUAWEIMateX беше широко признат од врвните светски медиуми. Досега има добиено награди од дури 30 меѓународни светски медиуми од различни земји и региони.

Huawei инвестира повеќе од 10% од продажбата во истражување и развој секоја година. Само во 2018 година, Huawei инвестираше 15 милијарди американски долари во истражување и развој и доби 87.805 овластени патенти. Huawei е рангирана на петтото место во светот, според Европската инвестициска табела, за инвестициски рејтинг на ЕУ за 2008 година. Водејќи се со слоганот „потрошувачот на прво место“, Huawei е посветен на овозможување на сите луѓе да ги уживаат придобивките од дигиталниот животен стил. Со доаѓањето на 5G технологијата, Huawei е еден од малкуте производители кои имаат способност да развијат целосна палета на 5G производи и да испорача целосно синхронизирано корисничко искуство.

WorldMobileConference 2019 во Барселона,во организација на GSMA,се одржува од 25 февруари до 28 февруари. GSMA ги претставува интересите на мобилните оператори ширум светот, обединувајќи повеќе од 750 оператори и речиси 400 компании во поширокиот мобилен екосистем, вклучувајќи производители на мобилни телефони и уреди, софтверски компании, снабдувачи на опрема и интернет компании, како и организации во слични индустриски сектори.GSMA, исто така, ги спроведува водечките MWC настани во индустријата што се одржуваат секоја година во Барселона, Лос Анџелес и Шангај, како и на регионалните конференции за мобилна телефонија.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.