x

Huawei може да соработува со американски компании, под еден услов

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 30 Јуни, 2019 од GSM.mk

По несогласувањата кои ги имаше со Huawei, владата на САД ќе му дозволи на кинескиот производител да соработува со американски компании, но само под еден конкретен услов – тоа да не претставува ризик за националната безбедност.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека по една година преговори, притисокот над Huawei станува сѐ поголем.

Пред повеќе од половина година, САД ги издаде првите наредби за забрана на домашните компании да испорачуваат технологија и да соработуваат со Huawei, притоа како причина наведувајќи ја безбедноста на нацијата.

Според најновите извештаи, владата на САД ќе им даде рок до 19 август на кинеските инвеститори од Huawei да се прилагодат на новите ограничувања и да ги подобрат работните практики за да не претставуваат закана за безбедноста.

„Ако се работи за соработка која не ја загрозува националната безбедност, тогаш ќе им биде дозволено да соработуваат со американски компании“, изјави Доналд Трамп.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.