x

Huawei најде замена за Google Maps!

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 20 Јануари, 2020 од GSM.mk

Со забраната за користење на Google Maps, Huawei најде нов сервис за навигација и мапирање..

Со забраната со која се стекна Huawei минатата година, можеби најголемиот проблем беше наоѓањето замена за Google сервисите, особено Google Play Store. Како резултат на тоа, уредите на Huawei од минатогодишната Mate 30 серија користат отворена верзија од Android. Google апликациите, како Gmail, Search, Play Store, Maps и слично не може да се користат. Во Кина, каде голем дел од Google апликациите веќе беа забранети, ова не беше голем проблем. Но, интернационалната продажба на Huawei дефинитивно опадна. 

За да го замени Play Store, Huawei ќе користи AppGallery кај интернационалните модели. Истотака, компанијата најде замена и за Google Maps. Пред неколку дена, компанијата TomTom изјави дека потпиша нов договор со Huawei. Според договорот, Huawei ќе може да го користи софтверот на компанијата за мапирање, навигација и локација кај своите смартфони. 

A TomTom map viewed on a smartphone - With Google Maps unavailable, Huawei turns to another mapping, navigation, and traffic provider

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.