x

Huawei Nova 9: Дизајн кој ве привлекува и уникатни карактеристики кои ве задржуваат

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 17 Ноември, 2021 од GSM.mk

Еден од најновите телефони на Huawei, Nova 9 пристигна деновиве во нашата канцеларија. Какво беше нашето искуство со него може да почитате подолу :)

Nova 9 е еден од најновите телефони кој се придружи на Huawei семејството. Уредот беше претставен во Кина во септември, а кратко потоа се појави и во Европа.

Прво нешто кое ќе го забележите кај Nova 9 е дизајнот на задниот дел, каде системот камери има уникатна конструкција со главната камера во фокус, придружена од останатите три камери. Потоа, доколку се чувствувате смело и ја одберете т.н “Starry Blue” или ѕвездено сино верзија, тогаш бојата е дефинитивно втората работа која ќе ве воодушеви. Потврдувајќи ја причината за името кое и е дадено, кога ќе ја погледнете оваа боја навистина се чувствувате како да ја гледате целата галаксија во неа, бидејќи менува нијанса со секој различен агол. Наш предлог е особено да видите како изгледа под сончевата светлина.

Навраќајќисе на камерите како негова најпривлчена точка, главниот сензор е од 50 мегапиксели, придружен од 8 мегапикселна ултраширокоаголна камера и 2 камери од 2 мегапиксели, за портрети и макро фотографии. Високата резолуција на камерите несомнено се забележува со секоја слика.

фотографии направени со Huawei Nova 9

обична фотографија

x7 зум

Кога фотографирате, ќе забележите дека телефонот знае да идентификува кое сценарио го сликате (цвеќиња, зеленило, храна и слично), со цел да ги оптимизира перформансите на камерите до максимум.


Ултраширокоаголната камера е одлична, додека зумот кој оди до x10 е истотака добар, но наша препорака е дека веќе по x8 нема потреба да го користите, освен во екстремни случаи каде би ви било потребно. Благодарение на вештачката интелигенција која ја поседува, дури и да не сте професионален фотограф, може да ги искористите и добиете максималните перформанси од камерите и да извадите слики кои изгледаат професионално.

На предниот дел се наоѓа добропознатиот дизајн со голем екран, од 6.57 инчи поточно, без рамки и селфи камера во средината. Екранот е OLED и од 120Hz, спецификации кои ретко ги гледаме кај смартфоните, особено со пониски цени.Скенерот за отпечатоци, кој се наоѓа под самиот дисплеј, работи одлично.

Под хаубата се наоѓа Snapdragon 778G 4G придружен од 8GB RAM и 128GB или 256GB меморија, по желба. Батеријата е од 4300 mAh и телефонот доаѓа со брз полнач од 66W. За полнење од околу 50% нас ни беа потребни околу 15 минути. Тоа значи дека дури и да сте во брзање, телефонот може да го наполните за помалку од 20тина минути без никаков проблем.

Заклучокот ќе го започнеме со тоа дека Huawei Nova 9 е одличен телефон за оние кои сакаат да се “фалат” со изгледот на нивниот уред. Гарантираме дека овој Huawei модел ќе привлече внимание со својот дизајн, особено во Starry Night верзијата која ја тестиравме. Но, како што знаеме сите не е се во изгледот. Без грижа! Карактеристиките и спецификациите кои ги нуди Nova 9 ќе се погрижат да имате смартфон кој не само што изгледа добро, туку ќе биде тука за сите ваши дневни потреби, особено во делот со сликањето.

И покрај одличните спецификации, неговата цена е достапна за сите.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Trying to get property of non-object

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 45

https://gsm.mk/">

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Undefined offset: 5

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 45

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Trying to get property of non-object

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 45