x

Huawei P Smart 2021: Елегантен, моќен, паметен!

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 15 Декември, 2020 од GSM.mk

На моменти изгледа како на турбулентната 2020-та да и нема крај, но, Huawei има надеж. Во пресрет на нова и попозитивна година, компанијата го најави Huawei P Smart (2021) - смартфон кој имавме чест да го тестираме:

Huawei P Smart (2021) е смартфон кој официјално беше претставен во септември, а сега го имаме во нашата редакција на рецензија. Како што кажува неговото футуристичко име, овој телефон е иновативен со солидни спецификации и скромна цена. 

Дисплеј

Да започнеме од она што дефинитивно најмногу привлекува внимание кај уредот - неговиот изглед. На предниот дел станува збор за голем, 6.67 инчен дисплеј кој има резолуција од 1080 x 2400 пиксели и 20:9 тело-дисплеј сооднос. Рамките околу него се минимални, речиси невидливи, а селфи камерата е сместена во средина. И покрај големиот дисплеј и целосно големите димензии, уредот е компактен и удобен за држење во рака, бидејќи е долг, но тенок.

Дизајн 

Официјално е достапен во три бои, Crush Green (зелена), Blush Gold (златно-розева), Midnight Black (црна). Моделот кој го добивме доаѓа во, според нас, најуникатната нијанса - Crush Green. Доколку сакате да привлечете внимание со вашиот смартфон, тогаш ова дефинитивно е нијансата за вас. Уште при прв поглед, моделот е впечатлив, паѓа во очи и дефинитивно ќе бидете во центар на внимание со него. Розевата нијанса би ја наракле поелегантна и женствена, додека црната е класична и безвременска.

Камери

Преминувајќи на втората работа која веднаш се забележува на уредот, тоа е неговиот систем од четири камери на задниот дел. Ова е еден од ретките смартфони во овој опсег на цени кој нуди четири задни сензори. На кратко, главната камера е од 48 мегапиксели, ултраширокоаголната е од 8 мегапиксели и има два сензора од 2 мегапиксели, а селфи камерата е истотака од 8 мегапиксели. Бидејќи сликите може да покажат многу повеќе од зборовите, подолу може да ги погледнете фотографиите направени со P Smart (2021).

обична фотографија

фотографија со камерата за портрети

обична фотографија

6.0 зум

Night Mode

Сите камери се покажаа добро, но делот кој најмногу изненади беше Night Mode опцијата која овозможи и при најниска светлина фотографиите да изгледаат како што треба. За добрите резултати помогна и AI. Единствена замерка е што не снима 4K видеа.

Перформанси

Процесорот кој компанијата реши да го искористи кај P Smart (2021) е Kirin 710A со 4GB RAM и 128GB меморија. Процесорот, заедно со софтверската поддршка на Huawei нуди одлично корисничко искуство, а корисниците можат да се потпрат на Huawei App Gallery и новиот Huawei Petal Search систем за перформансите.

Уште една карактеристика со која овој уред се истакнува е големата батерија од 5000 mAh. Се разбира, бројката зборува сама по себе за нејзината издржливост, но голема предност е што Huawei секогаш има и одлична оптимизација за рационално користење на нејзиниот живот. Со потешко користење, може да издржи речиси два дена без полнење, а кога ќе дојде до периодот за нејзино полнење, потребен е околу половина час да се наполни над 50%.

Последни зборови

Се на се, Huawei P Smart (2021) е смартфон кој има солидни карактеристики, одлични камери, привлечен дизајн, и најважно од се, цена достапна за сите.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.