x

Huawei P20 Pro доби голема и важна награда за камерите!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 21 Април, 2018 од GSM.mk

Huawei P20 Pro само што доби голема и важна награда за своите камери..

Новиот уред на Huawei, P20 Pro, доби награда за камерите од Technical Image Press Association, истотака позната како TIPA. Како што знаете, P20 Pro доаѓа со три камери на задната страна, од 40, 20 и 8 мегапиксели. На предната страна се наоѓа камера од 24 мегапиксели. 

Добивањето на наградата е огромно постигнување за Huawei. TIPA e непрофитна организација која соработува со 30 важни публикации за фотографии и слики на годишно ниво, давајќи им ја шансата да гласаат за најдобрата камера во неколку категории. Во случајот сo Huawei, уникатниот систем од три камери на задната страна дефинитивно бил одлучувачкиот фактор за добивањето на наградата. 

Одлуката за вклучување на трите камери беше дел од новото ветување на компанијата да биде посмела кога станува збор за идните одлуки. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.