x

Huawei P20 Pro: Три камери на задната страна, 40 мегапикселен сензор и висока цена

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 27 Март, 2018 од GSM.mk

Според новите информации за спецификациите на овогодинешните P20 смартфони, покрај моќните перформанси, уредите ќе доаѓаат со повисоки цени од нивните претходници..

P20, P20 Lite и P20 Pro, кој ќе бидат претставени денес, доаѓаат со моќни спецификации, но и со високи цени. Како што може да видите од фотографиите, како што се очекуваше, уредите ќе доаѓаат со три камери на задната страна, од 40, 20 и 8 мегапиксели, со 3x оптички зум. 

Цената на Huawei P20 во Midnight Black (полноќно црна), ќе биде 649 евра, малку пониска од онаа на Galaxy S9 во Германија. Од друга страна, "Twilgiht" верзијата на P20 Pro ќе чини 899 евра, околу 50 евра пониска од цената на S9 Plus во Европа.

Од останатите спецификации очекуваме: Kirin 970, 6.1 инчен AMOLED дисплеј, резолуција од 1080 x 2240 пиксели, батерија од 4000mAh, 6GB RAM и 128GB/256GB меморија. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.