x

Huawei P30 и P30 Pro: Нови фотографии и спецификации!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 25 Март, 2019 од GSM.mk

Поради грешката на Amazon, дознавме дека новите уреди на Huawei официјално ќе бидат достапни од 5-ти април. Заедно со датумот, страна ги сподели нивните спецификации, како и фотографии од нивниот дизајн...

Huawei P30 Pro ќе чини 1,028 евра и ќе има 6.5 инчен OLED панел со резолуција од 1080 x 2340 пиксели и 19.5:9 сооднос за висок и тенок дисплеј. Во внатрешноста ќе се наоѓа Kirin 980, заедно со 8GB RAM и 128GB меморија.

На задната страна, наместо две или три, ќе се наоѓа систем од четири камери, вклучувајќи главен сензор од 40 мегапиксели, секундарен сензор од 20 мегапиксели, 8 мегапикселен трет сензор и Time-of-Flight сензор за 3D скенирање и AR. Ќе има висока водоотпорност и ќе може да издржи до еден метар под вода, 30-тина минути.

Huawei P30 има помал, 6.1 инчен панел со резолуција од 1080 x 2340 пиксели и 19.5:9  сооднос. Повторно ќе работи на Kirin 980, истиот процесор кој се наоѓа и во Huawei Mate 20 Pro. За разлика од неговиот поголем брат, ќе има само 6GB RAM, но повторно со 128GB меморија. Истотака, ќе има "само" три сензори - 40 мегапикселна главна, 20 мегапикселна и 8 мегапикселна камера.

И Huawei P30 и P30 Pro ќе бидат достапни на почетокот од април.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.