x

Huawei P30 и P30 Pro: Официјални спецификации!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 21 Март, 2019 од GSM.mk

Веќе се запознавме со изгледот и дизајнот на Huawei P30 и P30 Pro, благодарение на фотографиите кои се појавија, а сега ги имаме и нивните официјални спецификации:

Голем OLED дисплеј и на двата модели

Како што очекувавме, двете верзии ќе имаат OLED панел. Поголемата и поскапа Pro верзија доаѓа со 6.5 инчен дисплеј и резолуција од 2340 x 1080 пиксели. Обичниот Huawei P30 нуди малку помал, 6.1 инчен панел со иста резолуција од 2340 x 1080 пиксели.

The Huawei P30 & P30 Pro have just been detailed entirely, cameras included


Заедно со екраните, на предната страна се наоѓаат минимални рамки, како и "waterdrop notch" на горниот дел за селфи камерата.

P30 серијата ќе има импресивни камери

Гледајќи го задниот дел на новите модели, тука се забележуваат клучните разлики со нивните претходници. Huawei P30 вклучува импресивен систем од три камери, додека Huawei P30 Pro оди еден чекор понапред и има четврт сензор.

Почнувајќи од обичниот Huawei P30, овој модел има главен сензор од 40 мегапиксели со фото стабилизација - исто како Mate 20 Pro. Истотака, нуди солидни перформанси при ниска светлина. Заедно со него, има 20 мегапикселен широкоаголен сензор и трета камера од 8 мегапиксели со 5x зум.

Главната камера на P30 Pro нуди резолуција од 40 мегапиксели. Четвртата камера е наменета за квалитетни видеа снимени со уредот, како и одличен Night Mode.

Моќни перформанси и големи батерии

Преминувајќи на внатрешните спецификации, станува збор за Kirin 980, кој се наоѓа и во Mate 20 Pro и нуди солидни перформанси. Процесорот кај P30 е придружен од 6GB RAM и 128GB меморија. Од друга страна, P30 Pro ќе има 8GB RAM и 512GB меморија. Батериите се од 3,650mAh и 4,200mAh.

The Huawei P30 & P30 Pro have just been detailed entirely, cameras included

Достапност

Претставувањето на P30 и P30 Pro е официјално закажано на 26 март, каде уредите ќе бидат придружени и од буџетскиот P30 Lite. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.