x

Huawei P30 и P30 Pro: Официјални спецификации, дизајн и фотографии

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 09 Февруари, 2019 од GSM.mk

Иако претставувањето на Huawei P30 и P30 Pro го очекуваме на крајот од март, деновиве се појавија фотографии, заедно со официјалните спецификации на уредите:

Двата модели доаѓаат со релативно сличен дизајн. P30 Pro ќе има четири камери на задната страна, додека P30 ќе има "само" три камери. И кај двата уреди сензорите се вертикално поставени и придружени од LED блиц. 

Huawei P30 and P30 Pro leak in full

На предната страна, се наоѓа висок дисплеј, придружен од минимални рамки и "waterdrop notch" на горната страна, наменет за селфи камерата. На фотографиите не се забележува скенер за отпечатоци, што значи дека може да биде вметнат под дисплејот. 

Уште еден интересен детал е "MAR 28" ознаката на фотографиите. Најверојатно, претставувањето на новите смартфони на Huawei ќе биде токму на 28 март.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.