x

Huawei P30 Lite: Висок дисплеј, три задни камери

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 20 Март, 2019 од GSM.mk

Заедно со Huawei P30 и P30 Pro, наскоро компанијата планира да го претстави и буџетскиот Huawei P30 Lite. Еве што може да очекуваме:

Во внатрешноста, уредот ќе биде целосно различен од другите две верзии, но во однос на дизајнот е речиси ист. Како и останатите новопретставени уреди на компанијата, P30 Lite ќе има дисплеј со notch. Станува збор за 6.2 инчен панел со тенки рамки и резолуција од 2312 x 1080 пиксели.

Leaked Huawei P30 Lite press renders showcase extra rear camera, tiny notch

Leaked Huawei P30 Lite press renders showcase extra rear camera, tiny notch


Како и предниот дел, и задниот дел на уредот нема некаков уникатен дизајн. Всушност, речиси е идентичен со Huawei P30. Единствена разлика е кај скенерот за отпечатоци, кој кај новиот флегшип на компанијата ќе биде под дисплејот. 

Од сликите се забележуваат три задни камери, вертикално поставени и придружени од LED блиц. Главниот сензор ќе биде од 24 мегапиксели, додека другите два ќе бидат од 8 и 2 мегапиксели.

Во внатрешноста, смартфонот ќе биде снабден со Kirin 710 - процесор сличен на Snapdragon 660 во однос на перформанси. Ќе биде придружен од 6GB RAM, како и 128GB меморија.

Почетната цена на P30 Lite ќе биде околу 369 евра. Ќе биде достапен во црна, бела и сина боја.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.