x

Huawei P30 Pro: Првиот телефон со Sony камера од 38 мегапиксели!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 17 Декември, 2018 од GSM.mk

Претставувањето на Huawei P20 Pro на почетокот на годината ни докажа дека камерите се важен дел од стратегијата на Huawei - стануваше збор за првиот смартфон со три, наместо две камери на задната страна.

Според новите информации, 2019 година нема да биде поразлична за компанијата. Следбеникот на P20 Pro, P30 Pro, ќе биде првиот смартфон во светот кој ќе го користи IMX607 сензорот на Sony од импресивни 38 мегапиксели. Покрај големиот број пиксели, сензорите доаѓаат со неколку мали промени кои може да направат голема разлика.

Камерите кои во моментот ги користи Huawei за своите смартфони доаѓаат со Quad Bayer филтер кој ги користи пола од пикселите за долга, а другата половина за кратка изложеност. P30 Pro ќе содржи нова, Dual Bayer технологија, која дозволува комбинација на белите пиксели за подобра изложеност на светлина и детали. Поради ова, посебна леќа за црно-бели фотографии нема да биде потребна. Наместо неа, можеби ќе видиме нова широкоаголна леќа кај P30 Pro. 

Покрај подобрените перформанси на ниска светлина, новиот сензор на Sony поддржува Quad Pixel Phase Detection Auto Focus технологија за побрз и поточен авто-фокус.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.