x

Huawei P40 и P40 Pro 5G: Сите детали за уредите!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 23 Март, 2020 од GSM.mk

Претставувањето на Huawei P40 & P40 Pro 5G ќе биде за само неколку дена. Токму на време, се појавија сите детали за овие уреди:

Почнувајќи од поголемиот, Huawei P40 Pro ќе има 6.6 инчен OLED панел со тенки рамки. Благодарение на целосниот дизајн, новиот модел нема да биде многу поголем од неговиот претходник, иако има малку поголем дисплеј. Новиот екран ќе биде присутен од 32 мегапикселна селфи камера и уште еден, ToF сензор. 



Huge Huawei P40 & P40 Pro 5G leak reveals almost every last detail

Кога сме кај камерите, има големи подобрувања на задниот дел. Ќе се наоѓаат четири камери од кои главната ќе биде од 50 мегапиксели со подобрен Night Mode. Заедно со неа ќе има ултраширокоаголна камера од 40 мегапиксели која ќе биде еднакво импресивна. Третата камера ќе биде од 12 мегапиксели, а последниот ќе биде ToF сензор. 

Huge Huawei P40 & P40 Pro 5G leak reveals almost every last detail

Ќе работи на Kirin 990 5G - еден од најмоќните процесори на пазарот. Не е познато колку меморија и RAM ќе има, но се зборува за конфигурација од 8GB RAM и 256GB меморија. Батеријата ќе биде од 4200 mAh. 

Стандардниот P40 ќе биде сличен со Pro верзијата во внатрешноста. Но, на надворешниот дел ќе има неколку промени. Најпрво, дисплејот ќе биде 6.1 инчен, а селфи камерата ќе биде исто од 32 мегапиксели. Батеријата ќе биде малку помала, од 3800 mAh. 

Huge Huawei P40 & P40 Pro 5G leak reveals almost every last detail

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.