x

Huawei P40 Lite 5G: Уред од средна класа со 5G поддршка!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 24 Мај, 2020 од GSM.mk

P40 lite е новиот смартфон на Huawei кој беше најавен на 15 мај, а официјално ќе биде достапен од 28 мај...

Станува збор за нов уред од средна класа, но со неколку флегшип карактеристики. Најпрво, како што кажува неговото име, смартфонот доаѓа со 5G поддршка. Оваа технологија е поддржана од Kirin 820 5G, 6GB RAM и 128GB меморија. Батеријата е од 4000 mAh и може да се наполни до 70% за 30 минути.

На предниот дел ќе има 6.5 инчен LCD дисплеј со резолуција од 1080 x 2400 пиксели и тело-дисплеј сооднос од 20:9. Има селфи камера во горниот лев агол од 16 мегапиксели. На задниот дел се наоѓа систем од четири камери - главна од 64 мегапиксели, ултраширокоаголна од 8 мегапиксели и две од 2 мегапиксели.

Ќе биде достапен во зелена, сребрена и црна боја, а цената ќе биде околу 400 евра.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.