x

Huawei под истрага: Компанијата може да добие забрана за извоз од САД!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 09 Декември, 2018 од GSM.mk

На почетокот од годината, компанијата ZTE доби забрана за извоз на хардверски и софтверски делови од Америка. Сега, со исти проблеми може да се соочи и Huawei..

Имено, Huawei е под истрага уште од 2016 година поради игнорирање на правила и санкции за продажба во одредени земји во САД. Meng, ќерката на основачот на Huawei, наводно е обвинета за заговор, искористувајќи го глобалниот банкарски систем за да и помогне на компанијата да го прошири својот бизнис во Иран.

Американската влада ги предупреди своите сојузници да не користат Huawei производи, вклучувајќи и опрема за мрежно поврзување и производство на 5G технологијата. На почетокот од годината, владата на САД тивко го забрани партнерството меѓу Huawei и AT&T и Verizon, уништувајќи ги плановите двете компании да го продаваат Mate 10 Pro. И покрај тоа што не и е официјално дозволено да продава телефони преку четирите најголеми оператори во Америка, Huawei успеа да стане втората најпопуларна компанија во светот на смартфоните на глобално ниво. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.