x

Huawei претстави батерија која се полни десет пати побрзо

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 21 Ноември, 2015 од GSM.mk

Huawei тврди дека успеал да произведе батерија која се полни десет пати побрзо од актуелните батерии.

Проблемите со батериите на смартфоните би можеле да станат минато благодарение на батеријата на Huawei, која е развиена со нова технологија со користење на хетероатоми, што овозможува брз пренос на енергија без штетни последици по батеријата.

„Ова откритие кое се однесува на брзите полнења ќе доведе до револуција на полето на електронските уреди, посебно кога станува збор за мобилни, електрични автомобили, преносни уреди и слично”, соопшти Huawei.


Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.