x

Huawei призна: Оваа година нема да го надмине Samsung!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 16 Јуни, 2019 од GSM.mk

Иако Huawei имаше големи и амбициозни планови за 2019 година, последниве неколку недели компанијата драстично мораше да ја промени својата стратегија...

Веќе неколку години, главната цел на Huawei е да го надмине Samsung, а стратегијата за 2019 година беше конечно да го постигне тоа. За жал, по сите скандали и инциденти кои се случија со Америка, компанијата призна дека сепак оваа година нема да успее да го надмине својот најголем ривал.

За време на CES Asia конференцијата, еден од главните директори на Huawei, Shao Yang, потврди дека до крајот на 2019 нема шанси да ја постигне посакуваната смартфон продажбата поради големите промени кои мора да ги имплементира.

Сега за сега не е позната новата стратегија на фирмата, но дневната продажба во моментот е околу 500 000 до 600 000 уреди на глобално ниво. Доколку го одржи ова ниво, компанијата ќе продаде помеѓу 101 и 120 милиони дополнителни смартфони до крајот на годината. За жал, со оглед на фактот дека нема да може да претставува уреди преку Google Play Store, ваквата продажба не е толку реална.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.