x

Huawei сепак не работи на замена на оперативниот систем на Android!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 21 Јули, 2019 од GSM.mk

И покрај големиот број скандали, изгледа дека Huawei сепак ќе продолжи да соработува со поголем дел од американските компании..

Откако Трамп им забрани на американските компании да соработуваат со Huawei, се зборуваше дека кинеската компанија сама планира да произведе нов оперативен систем кој ќе се наоѓа во идните модели. Но, изгледа дека овие информации не се точни.

Според потпретседателот на Huawei, Catherine Chen, домашниот Hongmeng оперативен систем никогаш не бил наменет за смартфони, туку само за "индустриска употреба" со централен фокус на екстремно ниска латентност. 

Пред Chen да ги сподели овие вести, според многу изјави Huawei работеше на оперативен систем кој ќе биде користен во многу категории и применет кај голем број уреди, а целиот тој процес беше именуван како внатрешен проект. Еден недовршен ваков прототип од системот требаше да се појави до крајот на 2019 година, доколку Google реши целосно да ја прекине Android поддршката.

Откако работите се сменија пред неколку недели и Трамп ја дозволи повторната соработка меѓу компании, изгледа дека Huawei сепак ќе го задржи Android како оперативен систем.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.