x

Huawei со значителни загуби и на уште еден голем европски маркет!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 15 Јуни, 2019 од GSM.mk

По скандалите и инцидентите со Америка, Huawei почна да ја губи продажбата и на уште еден влијателен маркет..

Според новите информации, продажбата на Huawei во Германија паднала драстично само една недела по забраната и инцидентите со Америка. Поспецифично, компанијата била задолжена за само 6% од продажбата во последните 7 дена од мај. Како за споредба, на почетокот од месецот компанијата држела 26% од продажбата.

За разлика од Америка, каде смартфон продажбата зафаќа само мал дел од вкупната продажба, во Германија оваа бројка е значително поголема. Продажбата на Huawei во големите продавници, како Saturn и MediaMarkt истотака се има намалено за речиси 50% во последните неколку недели. Истотака, продажбата на Honor уредите е опадната за 40%.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.