x

Huwei: Последниот скандал ќе го заврши смартфон бизнисот на компанијата?

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 23 Мај, 2019 од GSM.mk

Google, Microsoft, Intel, Qualcomm и низа други компании веќе ја прекинаа соработката со Huawei, но последните новости изгледа дека навистина ќе го уништат бизнисот на компанијата..

Според новите вести, компанијата ARM architecture им откри на своите вработени дека нивниот дизајн содржи "оригинална технологија од Америка". Како последица на тоа, ARM верува дека е погодена од последната одлука на Трамп и нареди "сите активни договори" со Huawei да бидат прекинати.

Истотака, поради "новонастанатата ситуација" ARM не може да "понуди поддршка, технологија или било каква техничка дискусија со Huawei и HiSilicon".

Иако Huawei произведува сопствени процесори преку HiSilicon, овие чипови зависат од технологијата на ARM architecture. Поради тоа, Huawei ќе се соочи со уште еден проблем - Android поддржува само АRM и Intel's x86.

Сега за сега, Huawei ќе може да продолжи со производството на веќепостоечките чипови, така што Kirin 980 кој се наоѓа во Huawei P30 и Honor 20, како и Kirin 710 кој е во уредите од средна класа, не се во опасност.

Останува да видиме како ќе се движат работите за Huawei во иднина.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.