x

И Твитер забрани политички реклами!

Категорија: Занимливости Објавено на 22 Ноември, 2019 од GSM.mk

Како директен одговор на Facebook, твитер ги забрани политичките реклами на социјалната мрежа...

Извршниот директор позади компанијата изјави дека социјалната мрежа нема да поддржува политички реклами, почнувајќи од следниот месец. Во својот твит, Jack Dorsey сподели дека според неговото мислење "политичките пораки треба да бидат заслужени, а не купени". Со други зборови, политичките пораки треба да бидат прифатени и сфатени поради самата порака која ја носат. 

Од друга страна, по сканадалот кој се случи во 2016-та година, Facebook не само што ќе продолжи да поддржува вакви пораки, туку воопшто нема ни да проверува дали се точни. 

Како мало потсетување, во 2016-та се случи т.н "Cambridge Analytica" скандал кога 87 милиони Facebook профили беа користени за политички кампањи, се разбира без дозвола на корисниците. Во оваа ситуација, Facebook не ја испочитува сопствената полиса во која пишува дека персоналните информации за корисниците не смее да бидат користени без претходна дозвола. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.