x

Идните модели на Samsung нема да имаат видлива селфи камера

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 13 Мај, 2019 од GSM.mk

Досега компаниите беа навистина инвентивни, со вградувањето на „notch“ во различни форми на врвот од екранот или со отвор во самиот екран во кој е сместена предната камера.

Samsung од поодамна работи на промени во дизајнот на телефонските уреди, со цел подобро да ја „скрие“ селфи камерата.

Од корејската компанија најавија дека работат на „совршен дисплеј“, односно екран кој ќе ја опфаќа целата предна страна. Според извештаите, Samsung развива технологија со која камерата ќе може да се смести под екранот.

Тоа би им овозможило дизајнирање на телефони кои непречено ќе прикажуваат слика на целата предна страна, без притоа да користат некое од сегашните решенија кои го ограничуваат квалитетот на камерата или пак ја намалуваат функционалноста на екранот.

Во последните неколку години Samsung воведе неколку новитети кога се работи за редизајнирање на екраните на телефоните на оваа компанија. Како најзначајни ќе ги издвоиме дисплеите од серијата Infinity, кои се вградени на моделите Galaxy S10 и S10 Plus.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.