x

Играјте повеќе од 100 провокласни игри бесплатно на Ubisoft Plus

Категорија: Рецензии // Игри Објавено на 13 Септември, 2022 од GSM.mk

Компанијата Ubisoft пред три години ја претстави платформата Ubisoft+ на која може да се играат сите објавени игри во каталогот на компанијата, а сега по повод третиот роденден, сите играчи може бесплатно да ги играат на PC, мобилен телефон или поддржани телевизори до 10-ти октомври.

Наместо 15 евра месечно нема да платите ништо, но ќе мора да внесете платежна картичка. При отпочнувањето на бесплатниот пробен период компанијата ќе ви повлече 1 евро за авторизација, но тој износ ќе ви го врати откако ќе потврди дека картичката е валидна. Битно е да запамтите пред 10-ти октомври да го откажете понатамошното користење на Ubisoft+ (во случај да не сакате повеќе да го користите по истекувањето на бесплатниот период).

Од стартот пред три години, Ubisoft+ прерасна во еден од најголемите гејминг сервиси кој го одржува поединечен издавач.

Помеѓу игрите кои можете да ги играте се  Assassin’s Creed: Valhalla, Watch Dogs: Legion, Ghost Recon: Breakpoint, Immortals Fenyx Rising, Rainbow Six: Siege Operators, Far Cry 6, Rayman: Legends, Child of Light, Beyond Good and Evil, ANNO 1800 и многу други.



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.