x

Игрицата F1 Manager 2022 пристигнува на компјутер и конзола на 30 август

Категорија: Рецензии // Игри Објавено на 14 Јуни, 2022 од GSM.mk

За прв пат по повеќе од 20 години љубителите на Формула 1 добиваат нова игра во менаџерски стил.

Формула 1 објави дека ќе ја лансира со нетрпение очекуваната игрица „F1 Manager 2022“ на 30 август, а објавен е и нов трејлер што прикажува различни аспекти од претстојната игрица.

Играцата е развиена од студиото Frontier Developments, кое е познато по својата работа на игрицата „Elite Dangerous“. „F1 Manager 2022“ го става играчот во улога на директор на тимот, а наместо да вози Ф1 болид, играчот ќе го надгледува целиот тим. Тој не само што ќе ги избира компонентите за болидите, туку ќе ги предводи возачите кои ќе ги возат до победа.

Со оглед на учеството на Формула 1, играта ги содржи сите 22 патеки и вистинските возачи од шампионатите во Ф1, Ф2 и Ф3. Исто така, коментатори се водителот на Sky Sports Дејвид Крофт и поранешниот Ф1 возач Карун Чандхок.

Нарачките веќе се примаат, а игрицата ќе биде достапна за PlayStation, Xbox и компјутер преку Steam и Epic Games Store. Оние кои ќе изберат да нарачаат однапред, ќе добијат ран пристап до игрицата на 25 август.




Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.