x

Игрицата Stalker 2: Heart of Chornobyl доаѓа во 2023 година

Категорија: Рецензии // Игри Објавено на 23 Јуни, 2022 од GSM.mk

Компанијата GSC Game World работи на „Stalker 2: Heart of Chornobyl“ и се надева дека ќе ја лансира следната година.

Добро познатото студио објави променет датум на објавување на трејлерот, чија премиера беше оваа недела за време на преносот во живо на Microsoft за Xbox Games Showcase Extended. GSC првично планираше да ја лансира игрицата до крајот на оваа година, но имаше одложување, односно прекин во развојот на игрицата поради руската инвазија на Украина.


Покрај новиот трејлер, студиото објави и апликација во која се наведени некои од проблемите низ кои вработените морале да поминат од почетокот на инвазијата. Развојот на игрицата продолжи неодамна откако некои членови на тимот беа префрлени во Прага.


Исто така, дел од насловот на игрицата е променет од „Heart of Chernobyl“ во „Chornobyl“ за да го одрази локалниот украински правопис, односно името на местото на нуклеарната катастрофа во 1986 година, пишува The Verge.



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.