x

Игрицата WRC Generations доаѓа во октомври со историски и нови рели автомобили

Категорија: Рецензии // Игри Објавено на 27 Мај, 2022 од GSM.mk

Развивачот Kylotonn и издавачот Nacon го најавија пристигнувањето на нова игра базирана на Светскиот рели шампионат на ФИА, односно сезоната 2022 година.

Игрицата се вика „WRC Generations“ и е седма од серијата WRC игрици развиени од Kylotonn. Ова ќе биде последна игрица пред истекот на лиценцата на споменатиот развивач, по што во 2023 година лиценцата ќе ја преземе Electronic Arts.

По игрицата „WRC 10“ од 2021 година, „WRC Generations“ се оддалечува од вообичаената номенклатура на официјални WRC игрици. Покрај новото име, игрицата доби голем број специјални додатоци, вклучувајќи автомобили и патеки.

Дел од игрицата ќе бидат автомобилите на Rally1, како и правилата кои важат оваа година. Меѓу новите автомобили се Toyota GR Yaris Rally1, Hyundai i20 N Rally1 и Ford Puma Rally1, а играчите ќе имаат на располагање и 37 историски автомобили прикажани во најавниот трејлер.


Патеката Rally Sweden е изменета и сега е тесна, брза и покриена со снег за да се рекреираат условите во регионот Умеа од оваа сезона. Има и дополнителни 9 локации надвор од календарот на WRC, така што новата игрица ќе понуди вкупно 165 стази.

Режимот за продолжена кариера од „WRC 10“ е исто така дел од игрицата „WRC Generations“, така што гејмерите имаат можност да создадат свој тим. Лигашкиот режим, исто така, ќе биде дел од игрицата, и тоа е нешто како онлајн режимот за повеќе играчи што го има на „WRC 10“.

Игрицата „WRC Generations“ ќе биде достапна од 13 октомври 2022 година за PlayStation 4, PlayStation 5, Xbox One, Xbox Series X и S, а подоцна ќе пристигне на компјутер и на конзолата Nintendo Switch.



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.