x

Infinity Flex: Пристигна дисплејот на преклопување на Samsung!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 09 Ноември, 2018 од GSM.mk

Поминаа речиси пет години откако прв пат слушнавме дека Samsung работи на нова технологија на преклопување за своите уреди. По низа шпекулации, информации и фотографии, новиот ваков дисплеј на компанијата конечно пристигна:

Станува збор за дисплеј на преклопување, со кој вашиот смартфон ќе се трансформира во таблет. Официјалното име на ваквиот дисплеј e Samsung Infinity Flex.

Samsung's bendable Infinity Flex display is here, ready for its foldable phone release

Како што беше очекувано, телефонот кој ќе доаѓа со ваков дисплеј ќе се преклопува од странично. Големиот екран ќе се наоѓа од внатрешната страна. Но, што ако ви е потребен помал дисплеј за некоја поситна задача, а не сакате да го отварате целиот телефон? 

Без грижа. За таа намена, уредот ќе доаѓа и со втор екран на надворешната страна, со помали димензии. 

Samsung's bendable Infinity Flex display is here, ready for its foldable phone release

Главниот дисплеј ќе биде од 7.3 инчи, додека димензии на помалиот сеуште не се познати. 

Infinity Flex Display, заедно со новиот One UI нудат нов интерфејс кој им овозможува на корисниците да користат досега невидени функции. Според Samsung, ваквата технологија е "совршен спој на компактност со помош на малиот дисплеј, а истовремено и корисен голем дисплеј за мултитаскинг и гледање." 


За жал, официјално со дисплејот на преклопување ќе се запознаеме дури следната година, во февруари, за време на MWC настанот. Нормално, истовремено ќе биде претставен со првиот смартфон со ваква технологија. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.