x

Instagram го претстави Emoji Slider, новиот начин на анкетирање

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 12 Мај, 2018 од GSM.mk

Популарната социјална мрежа Instagram воведе уште еден новитет, наречен Emoji Slider, преку кој корисниците ќе можат да поставуваат и да одговараат на анкети на нов, оригинален начин.

Анкетирањето веќе некое време е популарно кај корисниците на Instagram, а досега тие можеа да поставуваат само две опции (на пр. А или Б, ДА или НЕ). Сега, оваа социјална мрежа ќе им овозможи преку слајдер кој се влече на двете страни, да одговорат на прашање на поинтересен, креативен начин.

Emoji Slider претставува стикер кој корисниците можат да го комбинираат со фотографии или видеа, додека нивните следачи можат да им одговараат на прашањата со помош на слајдерот кој користи емотикони, со тоа што ќе го мрднат налево или надесно.

Изгледот на Emoji Slider

Иако Emoji Slider ја врши скоро истата функција како и стариот начин на анкетирање кој веќе долго време е дел од Instagram, сепак тој овозможува поширок спектар на одговори и позабавен начин да се одговорат прашањата.

Оваа нова опција е дел од последниот апдејт на апликацијата Instagram, која може да се преземе од App Store за iOS и Google Play за Android.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.