Instagram ја тестира опцијата Take a Break, ќе биде достапна во декември
Категорија: Занимливости Објавено на 12 Ноември, 2021 од GSM.mk
Шефот на Instagram Адам Мосари потврди дека платформата ја тестира долгоочекуваната опција Take a Break.

Станува збор за опција која ќе ги потсети корисниците дека поминуваат премногу време на Instagram.
„Ако ја активирате опцијата ќе ве охрабри да направите пауза и да одморите од Instagram откако ќе поминете одредено време користејќи ја, 10, 20 или 30 минути. Опцијата е направена за да им овозможи на луѓето да имаат поголема контрола на Instagram. На тој начин ќе го ограничите времето колку ја користите апликацијата“, изјави Мосари.
Тестирањето на опцијата Take a Break доаѓа во време кога се покажа дека Instagram има негативен ефект на менталното здравје на младите луѓе.
Извор: Кајгана.мк
Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.