x

Instagram конечно добива опција за зумирање!

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 02 Септември, 2016 од GSM.mk

Instagram е една од најпопуларните социјални мрежи, особено за споделување на фотографии. Но, со години апликацијата немаше опција за зумирање на фотографиите...

Конечно, по 6 години чекање, компанијата официјално објави дека фотографиите ќе може да се зумираат. На ова претходеше можноста за прикачување на фотографиите во повисока резолуција, што е и потребно за да се зумираат истите.

Зумирањето е едноставно - го правите со два прсти како и во сите останати апликации. Ова не е ни за пофалба, бидејќи како што кажавме, Instagram постои веќе 6 години (од кои 4 под сопственост на Facebook), така што оваа опција требаше и порано да дојде.

Засега, можете да зумирате само на iOS уреди.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.