x

Instagram: Наскоро нови промени на апликацијата

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 03 Септември, 2016 од GSM.mk

Instagram сака уште повеќе да му се доближи на Snapchat со оглед на тоа дека сака да стартува опција која ќе овозможи прикажување на приказните, објавите и видеата од луѓе што корисниците не ги следат.

Според Techcrunch, апликацијата наскоро ќе воведе можност за прикажување објави на луѓе што не се на листата на пријатели. Тие објави ќе се појавуваат на врвот на екранот и ќе бидат базирани врз основа на интересите и личностите кои ги следите.

„Компанијата ни потврди дека работат на одредени промени на апликацијата, а предлозите ќе се состојат од приказните кои биле популарни тој ден“ - потврдија од Techcrunch за Mashable.

Од социјалната мрежа за споделување фотографии и видеа, се надеваат дека новите опции ќе им донесат и нови корисници.

Тестирањето на новата опција треба да стартува во текот на следната недела.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.