x

Instagram: Новa функција за гласовни пораки на iOS и Android уредите

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 12 Декември, 2018 од GSM.mk

Instagram најави нова функција за полесно и побрзо комуницирање за своите корисници..

Станува збор за гласовни пораки. Доколку имате Instagram профил, отсега ќе може да праќате гласовни пораки на вашите следбеници и корисниците кои вие ги следите. Пораките можат да бидат до 1 минута, и може да ги праќате на еден следбеник или групни разговори. Новата функција е достапна за Android и iOS уредите со новиот update.

Како мало предупредување, за снимање на гласовна порака потребно е да го држите копчето со микрофонот. Откако ќе го пуштите, пораката автоматски ќе биде пратена. Доколку не сакате да ја пратите порака, лизгајте со прстот нагоре кон иконата за отпадоци. 

Според Instagram, функцијата е веќе достапна за користење, но можеби ќе бидат потребни неколку дена за да пристигне до сите корисници. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.