x

Instagram отстрани функција, бидејќи корисниците не ја користат!

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 22 Јануари, 2020 од GSM.mk

На почетокот од годината Instagram направи неколку промени на својата апликација, додавајќи едни функции и отстранувајќи други..

Иако обично компанијата додава нови функции и подобрувања, некогаш се случува да отстрани функција која можеби не е толку користена. Ова е еден од тие ретки случаи и тоа со функција која е прилично нова: IGTV.

IGTV беше претставена во 2018-та, но бидејќи не е толку користена, компанијата реши да ја избрише. За среќа, доколку сте дел од малиот број корисници кои всушност користат IGTV, копчето веќе нема да се наоѓа во горниот десен агол на Instagram, но затоа има посебна IGTV апликација која може да ја симнете од App Store и Google Play Store. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.