x

Instagram Stories добиваат свој саундтрак

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 02 Јули, 2018 од GSM.mk

Една од најпопуларните карактеристики на социјалните мрежи, Instagram Stories, од денеска добива нова опција со која ќе можете да додадете лиценцирана музика која ќе го придружува и надополнува вашето Story.

Од Instagram велат дека секојдневно ќе се додаваат нови песни на платформата, а во моментов знаеме дека ќе биде достапна музиката на Бруно Марс, Марун 5, Деми Ловато и тн.

Додавањето на песни во Stories ќе оди слично како додавањето на стикери, анкети и слајдери – преку дополнителното мени во опцијата Stories. Ќе треба само да ја одберете вашата песна и да ја вметнете во вашето Story. Дури ќе можете да скокнете до оној дел од песната кој мислите дека најдобро би одговарал на визуелната содржина и вашите следачи ќе ја слушнат додека го гледаат вашето Story.

Instagram и претходно обезбеди ставање линкови од Spotify во Stories, но новата опција оди чекор понатаму и ја пушта музиката која ја имате одбрано додека трае вашето Story.

Исто така, Instagram ќе дозволи корисникот да одбере песна уште пред да биде снимено видеото, што изгледа како обид да се преземе пазарот на големиот број апликации за снимање караоке „lip-sync“ видеа.

Слично како и со опцијата за стикери, така и со новата опција Music корисниците ќе можат да одберат музика и да го најдат точниот дел од песната кој сакаат да го стават на Story, па потоа да го снимат видеото како и обично.

Саундтрак опцијата за Stories ќе функционира од денеска, но само во одбрани земји каде е полесно да се обезбеди лиценца за музиката. Сите останати земји каде оваа опција не е достапна ќе треба да почекаат додека Instagram да набави лиценци за нивната територија.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.