x

Instagram Stories веќе има 150 милиони нови корисници и нов update!

Категорија: Рецензии // Апликации Објавено на 13 Јануари, 2017 од GSM.mk

По неговото претставување во август, Instagram Stories веќе има повеќе од 150 милиони корисници. За само пет месеци тоа е огромно достигнување, а најверојатно таа бројка уште повеќе ќе се зголеми во следниот период.

Заедно со најавата за успехот на Instagram Stories, компанијата истотака потврди неколку промени и нови функции кои ќе бидат вклучени во апликацијата овој период. Една од тие функции е Instagram Business Tools, која ќе им помогне на бизнис профилите да добиваат feedback за своите постови.

Друг новитет кој ќе биде воведен во Instagram Stories се реклами. Новите Story ads ќе бидат претсавени во текот на следната недела и ќе бидат тестирани преку 30 партнери на компанијата како Capital One, General Motors, Maybelline New York, Quantas, Nike и Netflix.


Рекламите ќе бидат фотографии кои траат 5 секунди или видеа од 15 секунди. Добрите вести се што ќе можете да ги рипнете, што значи дека Instagram корисниците ќе може сами да изберат дали ќе ги гледаат или не. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.