x

Instagram: Видео повици со 50 корисници!

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 25 Мај, 2020 од GSM.mk

Официјално, опцијата Messenger Rooms е достапна на Instagram!

Со глобалната пандемија, аплекацијаа како Zoom за видео повици стекнаа популарност за многу кратко време. Токму затоа, и останатите компании решија да претстават слични платформи. Една од нив е и Facebook.

Компанијата претстави платформа за видео повици наречена Messenger Rooms која е достапна за користење и на Messenger и на Instagram. Една од најинтересните карактеристики на платформата е што може да учествуваат повеќе од 50 корисници истовремено.

За да се започне видео повик на Instagram, одете на "Private Messages" и кликате на видео иконата каде ќе ја најдете "Create a Room" опцијата. Потоа, може да поканите кого сакате на повикот од вашите следбеници.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.