x

Instagram воведе закажување објави во апликацијата

Категорија: Рецензии // Апликации Објавено на 11 Ноември, 2022 од GSM.mk

Функцијата која беше достапна само преку поврзаните сервиси сега е достапна и во самата Instagram апликација.

Instagram во својата апликација воведува планер на објави, овозможувајќи им на корисниците однапред да ги планираат своите објави без потреба да го користат Meta Creator Studio или услуги на трета страна.

Платформата за споделување фотографии и видеа во сопственост на компанијата Meta им дава на компаниите и креаторите можност да ги закажат своите објави како слики, Reels и Carousels до 75 дена однапред внатре во самата апликација. Instagram оваа функција ја тестираше пред неколку недели, дозволувајќи им на мал број корисници пристап до оваа алатка пред официјалното претставување.

За да се пристапи до оваа функција, корисниците кои ги исполнуваат условите по создавањето на објавата, но пред објавувањето, треба да одат во Advanced Settings делот каде ќе ја пронајдат функцијата Schedule this post, со чија помош ќе можат да одберат датум и време кога сакаат да биде објавена.

Не е јасно објаснето дали „обичните“ корисници ќе имаат пристап до оваа функција - Instagram не напомена дали функцијата ќе биде потполно воведена. Во истата објава со која го најави закажувањето објави, платформата најави дека ќе лансира и Achievements. Креаторите ќе можат да го отклучат ова достигнување преку одредени задачи, како што е соработка со други креатори и правење интерактивни Reels објави, со анкети и квизови.




Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.